Празници се ближат а дневниот ритам не ни дозволува да се посветиме на најважниот дел од Новогодишната вечер – десертот. Затоа еве еден интересен предлог за брз колач кој не треба да го печете.
Состојки:
Бисквити
Млеко – 1л
Пудинг ванила – 3
Шеќер – 6 супени лажици
Сезонско овошје
Шлаг
Подготовка:
Во тавчето (големина по сопствен избор), ставате бисквити колку да го покриете дното. Бисквитите можат да бидат цели или искршени. Ги попрскувате со млеко.
Во сад ставате 1л млеко, 6 супени лажици шеќер и 3 пудинга. Пудингот го варите (следете го упатството на кесичката)
Овошјето го лупите и сечете (ако има потреба) и го редите врз бисквитите. Можете да искористите смрзнато овошје кое ќе го најдете во најблискиот маркет.
Го преливате топлиот пудинг врз бисквитите и овошјето, да ги покриете со смесата. Чекате да се олади или тавчето го ставате во фрижидер ако ви се брза.
Одозгора ставате шлаг кој претходно сте го изматиле според упатството на кесичката. Или, можете да купите готов шлаг кој го ставате на секое парче од колачот пред сервирање.
Добар апетит!
Следетене на