Оваа година се одржа 26-тото издание на SAG Awards (Screen Actors Guild Awards) и Џенифер Анистон ја доби наградата за најдобра женска улога во ТВ драмата Утринско шоу (The Morning Show). Нејзината реакција кога ја прочитаа како добитничка на наградата ги стопи срцата на обожавателите ширум светот,а нејзиниот емотивен говор каде што се заблагодари на сите кои што придонесоа во создавање на ТВ драмата, не остави никого рамнодушен. Целосниот говор можете да го погледнете овде.