Дамките и акните на кожата можат да бидат многу фрустрирачки. Тие се честа појава не само кај тинејџерите туку и кај возрасните. Често ја намалуваат самодовербата и тешко е да се покријат. Овде избравме две ефикасни маски за кожа кои можат да го решат овој проблем.

  1. Маска со компири и лимон

Сокот од лимон е најшироко распространет метод и дава најдобри резултати доколку редовно се нанесува на лицето. Ви треба 1 компир и сок од ½ лимон. Изблендирајте го компирот и додадете сок од лимон и добро измешајте. Нанесете го на вашата кожа и по 20 минути можете да го измиете со вода.
Сокот од лимон содржи многу витамин Ц и заради тоа ги избелува дамките. Компирите исто така имаат капацитет да ја избелат кожата.

2. Маска со краставици и компири

За да ја подготвите оваа маска Ви е потребен еден компир и пола краставица. Изблендирајте ги заедно и нанесете ги на лицето. Оставете ги 25 минут и измијте го лицето. Сокот од краставица ја затегнува кожата и ги избледува дамките.