Converse е познат по својата иновативност и безвременски стил, но овој пат ги изненадија сите, па дури и нивните верни купувачи! Се работи за нов тип на патики, кои што доколку се изложени на сонце ја менуваат својата боја. Овие патики познати под името “UV Chuck 70” го имаат истиот добро познат заштитен дизајн, со таа разлика што на прв поглед се обични бели патики, но изложени на светлина, поточно сонце, ја менуваат бојата, па всушност делува како да имате два типа на патики. Почетната цена е околу 100$. Погледнете го видеото и уверете се самите.