Сите ние имаме по некое цвеќе во домот, но дали некогаш сте се запрашале кое е нивното вистинско значење? Прочитајте за симболиката на некои од најчестите цвеќиња со кои се сретнуваме.

 

Рози

flat-lay photography of rose bouquets

Розите се можеби едни од цвеќињата со најголем број на значења. Античките Грци и Римјани го поврзувале оовој тип на цвеќе со боговите и божиците на љубовта и страста и се користеле со години за да пренесат некаква тајна порака. Всушност, латинскиот израз „sub rosa“ или „под роза“ претставува нешто кажано во тајност. Тоа што е интересно за розите е и значењето на нивните бои. Па така, црвената роза симболизира љубов и страст, белата невиност и смиреност, розевата се поврзува со благодарноста и восхитувањето, портокаловата со ентузијазам и силна желба, додека пак виолетовата љубов на прв поглед.

 

Лалиља

assorted flowers in macro shot photography during daytime

Општото значење на лалето е совршена и вечна љубов. Исто како и розите, и ова цвеќе има посебно значење за секоја боја. Па така, црвените се поврзуваат со вистинска љубов, виолетовите значат аристократство или повисока класа, додека пак белите се користат кога сакате да испратите некаква порака за простување.

 

Орхидеја

purple orchid flower in brown wooden hanging planter stand

Ова егзотично и грациозно растение претставува симбол за луксуз, убавина и мажественост. Жените во античка Грција верувале дека ако таткото на нивното неродено дете јаде орхидеи, детето би се родило како момче.

 

„Crassula ovata“ или Дрво на парите

Image result for crassula ovata no copyright

Како што и самото име на овој сукулент кажува, така неговото значење се поврзува со богатство и напредок. Зелените ливчиња симболизираат раст и обновување и се споредуваат со монети од жад.

 

Јорговани

bunch of purple-petaled flowers

Белите јорговани симболизираат невиност и чистота, додека пак виолетовите се поврзуваат со духовноста и спиритуалноста. Сините значат среќа и спокојство, а јоргованите со магента боја директно се поврзуваат со страста.