Со оглед на ниските температури секогаш размислуваме да ја згрееме собата пред спиење.

Докторите советуваат дека со ваквата навика се нарушува спиењето и доведува до немирен сон. Сепак се препорачува собната температура да биде 18 Целзиусови степени, но таквата температура за нас е неприфатлива.  Собната температура треба да биде со неколку степени пониска од останатите простории во вашиот дом советуваат експертите.

За тоа експертите советуваат дека температурата во вашиот кревет треба да биде помеѓу 27 и 29 степени.

Топлата соба во која спиете го нарушува квалитетниот сон. Жешкиот и сув воздух не му дозволува да организмот да се бори против инфекциите и доведува до дехидратација. Како последица од ова е кога ке се разбудите наутро да бидете жедни и со сува уста.