Пејачката Доли Партон која на 19-ти јануари го прослави својот 74 роденден, објави на својот инстаграм профил слики од себе си, потенцирајќи ги разликите помеѓу изгледот на луѓето на Linkedin, Facebook, Instagram и Tinder. Под колажот од четирите слики имаше напишано „Најдете си жена која што може да го направи сето тоа„. За кратко време голем број на славни личности се придружија на овој предизвик и започнаа да објавуваат свои слики со истата порака, па така за кратко време ова постана тренд.
Меѓу познатите кои се придружија на овој предизвик на листата се најде и Мајли Сајрус, која се сложи дека Партон е дефинитивно трендсетерка и поставува правила за користење на социјални мрежи кои ни самата не ги користи. Дали го испробавте вие овој предизвик?
Следетене на