Зелениот чај води потекло од Кина, но неговото производство се има распространето во многу други држави низ Азија. Голем број од нутриционистите го препорачуваат неговото редовно конзумирање, особено ако се трудите да изгубите некој килограм, но дали тој е навистина толку добар за вас како што тврдат голем дел од експертите? На кратко одговорено, да!
Ги подобрува функциите на мозокот
Зелениот чај во себе содржи помалку кофеин отколку кафето, кој што не само што ќе ви помогне да останете будни и да си ја зачувате енергијата, туку и ќе ве направи попаметни. Покрај кофеинот, во себе содржи и аминокиселина Л-теанин кој ја подобрува функцијата на мозокот.
Помага при губење на вишок килограми
Да, зелениот чај помага при согорување на маснотиите на телото и го забрзува метаболизмот, но голем број на истражувања докажале дека сепак тоа зависи од организмот, односно секоја индивидуа различно реагира.
Зелениот чај го регулира нивото на шеќер во крвта
Неколку истражувања дошле до заклучок дека редовното конзумирање на зелен чај може да го регулира нивото на шеќер во крвта и да го намали ризикот на развивање на дијабетес од тип 2.
Ги намалува шансите да добиете кардиоваскуларна болест
Зелениот чај помага при намалување на холестеролот и тие кои што редовно го конзумираат, ризикот да добијат било каква кардиоваскуларна болест е намален дури до 31%.
Го чува вашето здравје
Зелениот чај е познат по тоа што го намалува ризикот од инфекции, па така со негово редовно пиење шансите да се разболите драстично се намалуваат.
Следетене на