Генералното собрание на Обединети нации на 20.11.1954 одлучи да биде Светски ден на детето. Ова беше направено со цел да се подигне свесноста за правата на децата и нивната позиција во општеството. Во таа чест, ви одвоивме неколку личности кои уште како деца допринесоа со својата интелегенција и креативност да направат промени на едно светско ниво.
Џек Андрака
Роден во 1997 година, сосема обично и нормално дете, сетоа тоа се менува кога близок член на семејството умира од рак на панкреас. Ова го поттикнува Џек да се фокусира на истражување на начини на кои што може да се детектираат раните фази на ракот. Во тоа и всушност успева и со свои 15 години измислува нов тип на сензор кој што може да го забележи присуството на канцерогени келии.
Ен Макосински
Ова девојче во 2013 година кога има само 16 години успева да измисли светилка која што ја претвора топлината на телото во светлина без да има потреба од батерии или кинетичка енергија. Таа тоа го направила откако дознала дека пријателка од Филипините имала проблеми на училиште затоа што немале светлина навечер а тоа бил единствен период кога можела да ја пишува својата домашна задача.
Малала Јусафзаи
Најмладиот добитник на Нобелова награда е девојче од Пакистан која што живеела во мал град контролиран од страна на талибанците. Тие им забранувале на девојчињата да учат, па затоа на 11 години започнала да пишува блог за локалната BBC станица каде што страствено зборува за тоа како женските деца треба да одат на училиште. Кога имала 15 години била застрелана во главата од страна на талибанец додека се возела со автобус на училиште. За среќа успева да го преживее овој напад и сега живее во Велика Британија.
Луис Брејл
Сигурно имате слушнато за Брајовиот систем на читање и пишување, и верувале или не, овој ситем бил развиен од страна на 15 годишно дете. Луис на само 3 годишна возраст се здобива со повреда на окото што го остава слеп. Но без разлика на овој негов хендикеп, тој успешно се школува и дури добива и стипендија на Кралскиот институт за слепи млади лица.
Ана Франк
Ова девојче со еверјско потекло се стекнува со својата слава благодарение на своите дневници во кои што ја опишува германската окупација на Холандија за времето на Втората светска војна. Нажалост умира на 16 годишна возраст во логор и тоа само неколку месеци пред да заврши војната. Нејзиниот дневник е објавен во 1952 година од страна на татко и и ќе биде преведен на преку 60 јазици.
Следетене на