Брендовите кои со години наназад се истакна во производството на луксузни парфеми, најавија лансирање на средства за дезинфекција на раце со цел да помогнат во нивниот недостатокот во екот на борбата со коронавирусот. Од понеделник, дел од капацитетот на фабриките во Франција кои произведуваат производи за Dior и Givenchy ќе бидат прераспоредени за оваа намена. Средствата за дезинфекција ќе бидат предадени на француските здравствени власти и медицинските установи низ Франција.
Да споменеме дека во Франција во моменот има регистрирано околу 4.000 случаи на заболени со Covid-19 и постои недостаток на средства за сезинфекција во земјата, што претставува едно од задолжителните срдетсва за заштита од овој вирус.
Да потсетиме дека и други лидери од модната индустрија се приклучија кон борбата со вирусот како што се Доменико Долче, Стефано Габана, кои донираа финаниски средства на универзитетот „Хуманитас“ за поддршка на студија за да разјаснат како имунолошкиот систем реагира на коронавирусот. Италијанските брендови Версаче, Giorgорџо Армани и Гучи, исто така, се здружија со финансирање за поддршка на борбата против коронавирусот.
Следетене на