Познатиот светски бренд Dolce & Gabbana ја лансира своата нова колекција на свежи овошни мириси, специјално наменета за топлиот период кој ни следува.  Новата „Fruit Collection“ доаѓа во слатки пакувања со јака жолта боја, чиј мирис потсетува на преубавите сицилијански овошни градини, а во истовреме на вкусни марципански колачиња. Колекцијата е составена од тоалетна вода ,,Pineapple“, односно тоалетна вода со арома на ананас, која ги рекреира природните ноти. Оваа преубава арома е дополнета со мирис на арапски јасмин, орхидеја, амбер.

Друг член на овошната колекција е тоалетната вода ,,Orange“ , кој ќе Ве однесе во градина на расцветани стебла со портокали и мирисни пулпи на зрел агрум.

Тоалетната вода ,,Lemon“, изобилува со цитрусни ноти, измешани со бергамотом и ѓумбир.