Актерката Џејми Ли Кертис кој светот ја знае преку филмовите True Lies каде што глуми со Арнолд Шварценегер и Freaky Friday со Линдзи Лохан, на својот инстаграм профил се пофали со подарокот тегла мед кој што го добила од Атиџе.
Таа се заблагодари за овој подарок со зборовите:
„Изненадување. Подарок кој што продолжува да дава. Директно од изворот. @honeyland_medena_zemja мед. Атиџе ми остави тегла. Ветувам „половина за мене, половина за нив.“ Во овој случај, кои се моите „нив“? Најслаткиот подарок и длабока приказна. Ако не сте го гледале МЕДЕНА ЗЕМЈА, ве охрабрувам да го погледнете.“
Можеби „Медена земја“ се врати без Оскар, но дефинитивно направи историја за македонската кинематографија.
Следетене на