Сувите стопала и испуканите петици се проблем кој е актуелен и во овие студени зимски денови.  Негувани стопала можат да се добијат и со користење на едноставни состојки кои можете да ги најдете и во својата кујна.

Ако стопалата се суви и не можете да ги стругате со камен за стопала или пиличка, тогаш во 4-5 литри топла вода раствoрете 3 лажици сода бикарбона. Ставете ги стопалата во оваа течност и уживајте во следните 20 мин. Потоа, нежно одстранете ја тврдата кожа.

person's feet and hands

Кога ќе завршите, земете еден лимон, пресечете го на половина и нежно истријте го целото стопало. Тоа ќе ја хидрира вашата кожа.

И за крај, ставете хидратантен крем и облечете памучни чорапи.

Повторувајте на 2-3 дена и вашите стопала ќе ви бидат меки и бели.