Во овој период на променливо време и ниски температури, многу често се јавува дилемата што да облечете? Следете ги овие неколку правила за облекување во есен и веруваме дека ќе изгледате прекрасно и тренди.
1.Водоотпорна јакна
Есенските денови се многу непредвидливи. Затоа морате да бидете соодветно „опремени“.
2. Заштитете ја кожата
Студеното и влажното време може да ја исуши Вашата кожа. Сончевите зраци ја стареат кожата. Затоа користете соодветни креми со Витамин Е, како и средство за сончање.
3. Во есен – чизмите се Ваш најдобар пријател
Цврсти чизми се сигурен начин да сме во тек со постојаното менување на климата. За секојдневни активности, за спортски комбинации одберете соодветен стил. За Вашите деловни состаноци, носете едноставни црни кожни чизми кои се вклопуваат во секоја прилика.
4. Носете практична и тренди торба
Не само што ќе изгледате поубаво, туку и ќе ви се најде за складирање на чадорот. Топла канцеларија па студено време надвор – Вашиот шал, ,,вишокот“ гардероба ставете го во чантата,
5. Редовно носете опрема за чистење чевли.
Дождот е составен дел од есенското време. Не само што ќе ги извалка Вашите чевли, туку и лесно може да ги уништи доколку ги оставите да се исушат природно.
6. Носете ги боите на есента
Доколку сакате Вашата гардероба да изгледа стилски, модерно и сезонски соодветно тогаш заборавете на премногу светлите бои, колоритни тонови, смели нијанси. Изберете темно портокалова, окер, темно сина, темно зелена.
7. Имајте природна, „неуредна“, неформална фризура
Потрудете се Вашата коса да има што повеќе природен изглед, не ставајте премногу препарати зошто на влажното време би добиле негативен ефект.
Следетене на