Инсбрук, Австрија
Инсбрук е познат како главен град на скијањето и сноубордот во светот. Двократен домаќин на Зимските олимписки игри со прекрасен олимписки скијачки скок и другите атлетски објекти во близина. Задолжително посетете го кралскиот Хапсбург и запознајте ја прекрасната архитектура на градот. Инсбрук е домот на Сваровски кристали.
Копенхаген, Данска
Копенхаген е домот на Ханс Кристијан Андерсен. Овој град е како од бајка особено во зимскиот период, град што изобилува со врни знаментитости како што се забавниот парк Тиволи, Кристијансборг слот и замокот Розенборг, кои се уште по шармантни кога се покриени со снег. Не пропуштајте го месецот на зимската култура во Копенхаген, Вондеркол, кој се одржува во февруари и вклучува концерти , уметнички емисии и кулинарски настани.
Венеција, Италија
Една од најпознатите зимски атракции за туристите е карневалот во Венеција. Прекрасни, возбудливи маски, нешто што не треба да го пропуштите. Од друга страна, Венеција е град кој е пребогат со култура и преубав во зимскиот период. Каналите на градот, уникатната архитектура и старомодната атмосфера стануваат волшебни во зима.
Абишко, Шведска
Ако сте љубител на зимата, а студените температури не Ви се проблем тогаш Абишко е градот кој треба да го посетите. Најодалечено место во Северна Европа каде сонцето во декември и јануари не изгрева неколку недели. Тука исто така можете да одите на скијање во националниот парк и да уживате во возење со кучиња. Не заборавајте да го посетите и првиот и најпознат светски хотел со мраз, пименуван како Icehotel, во близина на Кируна.
Прага, Чешка
Патеки со снег, калдрми, инсториски улични светилки, Прага е вистинска зимска бајка. Релативно е без туристи во зима, што е изненадувачки затоа што природната убавина на градот навистина оживува под ќебе од снег. Прошетајте низ Прашкиот замок, застанете на локално кафе за да избегате од студот, особено кафето Чоко, кое има повеќе од десетина видови топло чоколадо.
Единбург, Шкотска
Античките улици, зачудувачките замоци и палати и прекрасните градини, претворени во зимска чуда го прават Единбург град што дефинитивно треба да биде посетен во зима. Нема ништо повеќе шармантно од уметничко лизгање во центарот, посета на замокот Единбург додека снегот полека паѓа. Задолжително посетете ги и висорамнините, кои се исклучителни во зима.
Седиштето на Артур, на работ на градот, е совршено место за да се прошетате.
Следетене на