Долгата коса понекогаш знае да биде навистина тешка за одржување и потребно е посебно внимание, за разлика од кратката. Но затоа пак, изборот на фризури е неограничен и доколку сте една од оние кои што сака да експериментира, погледнете неколку наши идеи и предлози.
Оваа „неуредна“ пунџа ќе му даде дополнителна разиграност на вашиот целовкупен изглед.
„Коњското опавче„ е секогаш одличен избор доколку сте биле мрзливи претходната вечер и не сте ја измиле косата. Од разбушавено, па се до прибрано, изборот е голем, а секогаш можете и по некој моден додаток да ставите во вашата коса кој што секако ќе привлекува внимание.
Плетенките можат да ви одземат малку повеќе време во нивно правење и понекогаш ќе ви треба малку повеќе вештина, но секогаш можете да најдете добри туторијали на интернет и со малку труд да изгледате како да сте изглегле од фризерски салон.
Следетене на