Покрај нејзината вродена харизма, чувство за хуманост, принцезата Дајана остана позната и по нејзиниот оригинален стил. Нејзината уникатна фризура, единствениот стил е она што до ден денес инсајдерите го обновуваат. За оние кои сонуваат да поседуваат барем едно парче од уникатната гардероба на Лејди Ди, имаме позитивна вест. Еден од нејзините гламурозни фустани наскоро ќе се најде на аукција!
Фустанот кој Лејди Ди го носеше танцувајќи со Џон Траволта, во Белата куќа на ритмот на „Saturday night fever“, дизајниран и потпишан од самиот Виктор Еделштајн, на 9ти Декември ќе биде ставен на аукција со почетна цена од 410,000 евра. Аукцијата е организирана од Кери Тејлор.
Оваа фотографија ,,случајно фатена“ од папараците излезе во јавноста на 19ти ноември 1985 година. Таа предизвикала сензација кај публиката, која и ден денес се памети.
„Како и да е, овој фустан го евоцира стариот холивудски гламур, со своето волшебно деколте “, изјавила Луси Бишоп од аукциите на Кери Тејлор за весникот„ Дејли Меил “.
Следетене на