Шарлиз Терон, Маргот Роби и Никол Кидман предизвикаа воздишки во јавноста во своето еленгатно издание на премиерата на филмот Bombshell, која зборува за група на жени кои се одлучуваат да му се спротистават на американскиот извршен директор на Fox News. Фокусот на филмот е за сексуалното вознемирување на работното место од страна на Роџер Ајлс и овој проект беше најавен во мај во 2017 година, веднаш по неговата смрт, а со снимањето се започна во октомври во 2018 година.