Солта Епсом е всушност магнезиум сулфат, кој лесно продира во кожата, а истовремено ја истакнува нејзината убавина и го подобрува нејзиното здравје. Иако солта епсом е природен ентитет, поголемиот дел од производите што се создаваат од неа и се дистрибуираат во аптеките и продавниците за козметика се создаваат вештачки. Сепак, оваа сол ја задржува својата чистота и природни лековити својства. Може да ја набавите во секоја аптека.
Додадете горка сол во Вашата топла купка и откријте ги нејзините чудотворни својства.
Го покачува нивото на магнезиум во организмот – Наполнете ја кадата со вода и додадете горка сол. Магнезиумот од оваа сол многу лесно се апсорбира преку кожата.
Го намалува нивото на стрес – Го покачува лачењето на хормонот серотонин, кој е познат како хормон на среќата. Додадете епсом сол при капење и Вашите нерви и мускули ќе функционираат подобро.
Ги елиминира токсините од телото – Сулфатите во солта Епсом можат да помогнат да се ослободите од сите отрови и штетни клетки од вашето тело. За детоксикација на вашето тело направете ја оваа бања со горка сол еднаш во неделата по десет минути. Минералите што ги содржи солта Епсом кога се внесуваат преку кожата, започнува процес кој се нарекува осмоза. Со тој процес вашето тело ќе се ослободи од сите токсини и тешки метали.
Ја намалува болката и воспалението
Оваа сол се користела пред стотина години и може да ги смири вашето тело, душа и умот. Таа може да го релаксира вашиот нервен систем, да ја смири болката во грбот, проблеми со кожата, да ве ослободи од болките во мускулите.
Го подобрува нивото на шеќер во крвта
Луѓето кои имаат ниско ниво на магнезиум исто така имаат големи шанси да заболат од дијабетес. Солта Епсом може да ја подобри способноста на организмот за производство на инсулин.
И дава волумен на Вашата коса
Таа може да помогне да се намали вишокот на масло и ќе ја вратите во живот вашата рамна и тешка коса. Измешајте еднакви делови со балсам и сол Епсом и загрејте во сад. Нанесете ја оваа смеса на вашата коса и оставете ја 20 минути. Потоа измијте го.
Следетене на