Доделувањето на Греми наградите кои што оваа година се одржа на 26.01.2020 година, беше посветено на Коби Брајант, кошаркашката ѕвезда кога трагично го загуби својот живот на истиот ден во утринските часови. Алиша Кис ја отвори манифестацијата со емотивна песна посветена на Брајант и најголем дел од добитниците во својот говор ја спомнаа несреќата. Били Ајлиш доби дури 4 награди и тоа за Песна на годината (Bad guy), за Најдобар нов уметник, Албум на годината и за Најдобра снимка на годината. Лизо беше вклучена дури во 8 номинации од кои што освои 3, додека пак веднаш зад неа со 5 номинации се најдоа Ариана Гранде, Финас О`Конел и ХЕР. Били Ајлиш го започна својот говор велејќи дека Ариана е таа која што ја заслужува наградата за Албум на годината, и во својот говор забележа дека обожавателите низ целиот свет се тие што ги заслужуваат наградите и им се заблагодари од срце.
На следниот линк можете да ги погледнете поважните моменти од овој настан:
Следетене на