Ревијата на италијанската куќа „Гучи“ одржана минатиот викенд во рамки на Миланската модна недела го воодушеви модниот свет! Милан за една ноќ стана град на близнаци – дури 68 пара близнаци ги носеа моделите на главниот креативен директор на куќата

Алесандро Микеле, креативниот директор на „Гучи“ им ја посвети колекцијата за пролет/лето 2023 година, поради што го доби името „Твинсбург“ (Град на близнаците).

Микеле, како што подоцна објасни, секогаш ја носел инспирацијата за оваа невидена програма бидејќи растел со својата мајка и нејзината сестра близначка.

– Јас сум дете на две мајки – изјави Микеле, кој шоуто им го посвети на мајка си Ералда и тетка му Џулијана.