Последниве неколку денови главна тема на дискусија е одлуката на принцот Хари и неговата сопруга Меган да се повлечат од кралските должности, особено поради фактот што оваа нивна одлука, или како што британските медиуми ја нарекуваат Мегзит дојде како „гром од ведро небо“ за сите. Тие со кратка објава на нивниот инстаграм профил ја известија јавноста и со никого претходно не се консултираа, вклучувајќи ја и кралицата, што предизвика голема бура на емоции кај сите и голем дел на несогласувања. Во својата објава имаше објаснето дека нивниот живот ќе биде поделен помеѓу Велика Британија и Северна Америка, па сепак кратко после тоа Меган отпатува за Канада.

Кралицата Елизабета веднаш повика на итен состанок во Норфолк обидувајќи се да најде решение за сложената ситуација, и излезе со изјава кон медиуите дека би сакала војводата и војводката од Сасекс да останат на своите кралски должности, но дека има разбирање и ја почитува нивната желба да водат независен живот. Но сепак, голем дел од јавноста и не беше изненадена од оваа ситуација, затоа што кога го добија својот син Арчи, самиот принц Хари инсистираше на тоа да не му бидат никакви титули додеделени на новороденчето.

Оваа одлука беше донесена од страна на Меган и Хари поради големиот притисок што го добиваа од страна на медиумите, поточно негативниот став кон неговата сопруга. Принцот Хари дури и во еден момент изјави дека третманот што го добиваше неговата мајка, принцезата Дајана, е истиот што го добива Меган. Беше повеќе од очигледно дека Меган Маркал не беше омилена помеѓу британските медиуми и ја претставуваа како личност која не припаѓа во кралското семејство. Но без разлика на што и да се случува по Мегзит, финансиските експерти тврдат дека парот ги очекува светла иднина кога станува збор за парите. Принцот Хари го чека големо наследство, а дури и се шпекулира дека Меган планира да се врати на снимање на филмови. Со текот на времето и двајцата можат да заработат многу пари преку издавање на биографска книга, снимање на риалити шоу или пак брендирање на одреден производ.