Шведскиот моден гигант H&M  започна веганска алтернатива на изработка на кожа направена од остатоци на вино.  Дебитирајќи на 26 март, голем број чанти и пар чевли во колекцијата Conscious  ќе користат „мека веганска кожа“ – креирана од италијанската теч компанија Вегеа Vegea.

Во колекцијата ќе има и нова боја направена од кафе зрна во канцелариите на H&M во Кина, како и од рециклиран полиестер. Паскал Брун менаџер за одржливост на H&M изјавил дека мисијата на H&M е да користи повеќе био- базирани /разградливи материјали и да создава модни колекции направени од отпад. Целта на H&M е да дизајнира облека  која ќе трае подолго е евентуално да се рециклира. H&M сака да ги научи своите клиенти на поодржливо однесување и холистички пристап.

Извор:www.plantbasednews.org/