Приватниот љубовен живот на Холивудските ѕвезди е познат по нивното скандалозно секојдневние и безбројните афери што секој ден ја шокираат јавноста. Но овие парови го постигнаа тоа што за многумина делуваше невозможно; остнаа заедно со години и му покажаа на светот дека вистинската љубов не познава граници.
Том Хенкс и Рита Вилсон
Оваа година ќе се направат 32 години од бракот помеѓу Том Хенкс и Рита Вилсон. Парот се има запознаено во далечната 1981 година, а седум години подоцна во 1988 стапуваат во брак. Имаат две деца, синовите Честер и Труман.
Мерил Стрип и Дон Гамер
Актерката Мерил Стрип и скулпторот Дон Гамер се во брак од 1978 година и заедно имаат четири деца; еден син и три ќерки, а минатата година добија и внук од нивната најстара ќерка.
Вил Смит и Џејда Пинкет Смит
На Вил Смит ова му е втор брак со актерката Џејда Пинкет со која стапи во брак во 1997 година откако се разведе од својата прва сопруга Шири Зампино во 1995 година. Со Џејда имаат две деца, синот Џејден и ќерката Вилоу.
Сара Џесика Паркет и Метју Бродерик
Ѕвездата од култната серија Сексот и градот каде што сите оние кои што ја гледаа добро се сеќаваат на нејзините љубовни проблеми, изгледа дека во приватниот живот љубовта не и предизвикува проблеми. Сара стапува во брак со Метју Бродериј на 19-ти мај во 1997 година и заедно имаат син и ќерки близначки.
Курт Расел и Голди Хон
Курт Расел и Голди Хон почнале да се забавуваат во 1983 година и заедно се до денес. Оваа двојка имаат син, Вајат Расел, кој е роден на 10-ти јули во 1986 година.
Следетене на