Железото во крвта е важен минерал за вас и ви е потребно за да може вашиот организам да произведува црвени крвни зрнца и да имате силен имунолошки систем кој ќе ве одбрани од разни болести. Железото е главниот елемент на хемоглобинот кој претставува протеин во вашето тело, и е одговорен за разнесување на кислород од белите дробови, па насекаде низ телото. Проблем настанува кога имате дефицит или суфицит на железо во крвта, состојба која можете лесно да ја испитате преку едноставен тест на крвта или пак да ги препознаете симптомите.
Симптоми на ниско железо во крвта можат да бидат чест замор, лесни вртоглавици, слабост, главоболки, бледа кожа или забрзана работа на срцето, додека пак симптоми на покачено железо во крвта се чести болки во зглобовите, постојан недостаток на енергија или болки во стомакот. Најголем дел од популацијата страда од недостиг на железо во крвта, па ако сте едни од тие, тогаш треба да внимавате како да ја зголемите вашата доза на дневен внес на железо преку суплементи или преку одредени производи кои се богати со железо.
Верувале или не, спанаќот не е на прво место кога станува збор за извор на железо. На прво место се школките, па така околу 100 грама на школки можат да содржат и до 28 мг железо. Сепак ова зависи од типот на школки, па затоа најдобро е прво да разгледате кој тип на школки содржат најмногу железо пред да започнете веднаш со нивна конзумација.
Спанаќот е добар избор доколку сакате да внесете нискокалорична храна и околу 100 грама спанаќ содржат 3,6 мг железо. Органското месо, поточно црниот дроб, бубрезите, мозокот и црцето се исто одличен извор на железо, но ако овој тип на месо не ви е по вкус, секогаш можете да внесувате црвено месо. 100 грама мелено говедско месо содржи околу 2,7 мг железо.
Следетене на