Христијан Младеновски (22) од Куманово е апсолвент при Европскиот универзитед Скопје, наскоро дипломиран моден дизајнер, зад себе веќе има 4 успешни реализирани колекции и многубројни едиториали и соработки, после многу пракси кај локални модни куќи и дизајнери реши да го започне сопствениот бренд X.MLADENOVSKI.

Од каде ја доби пасијата кон модата ?

-Мојата пасија код модата започна во 5 одделение од моментот кога ја запознав нашата модна дизајнерка Елена Спасовска која што ми беше и професорка по ликовно, таа беше првата дизајнерка за која што знаев во тој момент, таа беше мојата инспирација и ја разбуди желбата во мене да се насочам кон оваа професија, за мене модата не представува парчиња кои служат да не заштитат од временски услови или да не покриат, модата за мене представува уметност.

Кои се трендовите за претстојните сезони ?

-Што се однесува до трендовите тоа е индивидуално барем според мене, јас лично никогаш не сум се држел до одредени трендови, но дефинитивно во претстојните сезони силуетата “I” доминира.

На која наша македонска “ѕвезда” би и рекле да си побара стилист ?

-На сите. “Ѕвездите” работат со стилисти и носат што ќе им се даде, затоа проблемот не е во нив туку е во луѓето кои ги стилизираат а немаат модно образивание.

Дали нешто и фали на нашава естрада, на кого поточно и што?

-Моето лично мислење е дека на нашата естрада и фали ЕСТРАДА.

Повеќе сакате да креирате мода за жени или за мажи?

-Женското тело како совшен органски дизајн секогаш представува за мене инспирација, но покрај тоа женската смелост да бидат поразлични е причината да дизајнирам повеќе за жени од колку за мажи, тоа е една особина која што фали кај македонските мажи, но ни тоа не ме спречува да не дизајнирам за нив.

За крај кое е твоето омилено модно парче?

-Омилено парче немам, но што се однесува до колекции дефинитивно најдрага ми е мојата деконструктивна колекција “Metamorphosis 12340” која што пред се представува метаморфоза на личност.