Швајцарскиот бренд Hublot, од неодамна го претстави својот нов модел на часовник под име “Classic Fusion AeroFusion Chronograph UEFA Champions League”. Тој е еден од главните спонозори на UEFA Лигата на шампиони. Часовникот е произведен во ограничен број и тоа само од 100 парчиња.
Часовникот го симболизира фудбалскиот натпревар со неговите сини тонови, како и сина гумена нараквица. Бројчникот го содржи логото на UEFA Лигата на шампиони и мал хронограф со датумот. Механизмот на овој уникатен модел е внатрешен HUB1155, автоматски хронографски калибар, со јачина од 42 часови па е задолжен е секогаш да биде точен и прецизен. Фудбалските часовници на Hublot, датираат од 2006та година, кога овој бренд се претвори во првиот луксузен бренд кој влезе во фудбалскиот свет како спонзор на швајцарскиот национален фудбалски тим. После две години во 2008та година Хублот го започнал долгогодишното партнерство со UEFA. Од тогаш швајцарскиот часовник го одројува секое UEFA европско првенство а од 2010 е и службен часовник на FIFA светскиот куп. Овој модел е ремек дело на швајцарскиот бренд посветено на фудбалот.
Следетене на