Иако летото си замина, тоа не е причина да кренете раце од уредувањето на Вашиот екстериер. Балконот и градината заслужуваат да изгледаат преубаво и во есен. Есента ни носи толку многу инспирација, еве неколку идеи.

Користете суви цвеќиња за декорација

Сувите пожолтени цвеќиња во комбинација со рустичен стил даваат преубав приказ на есента. Позитивно е што можат да ги издржат и најстудените денови.

Декорации што ја одбележуваат есента

Декорации со тиква, стебленца пченка, портокалови цвеќиња – вистинска есенска слика.

Позлатена есенска декорација

Декорација која на модерен начин ја отсликува есента. Спротивност на сите тие портокалови, жолти, црвени елементи, а сепак потсетува на есен. Набавете златен и сребрен спреј и започнете со декорирање.

Направете посебно катче за уживање

Иако летото заврши, тоа не значи дека веднаш мора да се затвориме внатре. Есента исто така ни нуди сончеви денови, па затоа, поставете црвена клупа во Вашиот двор, декорирајте со цвеќиња, тикви и уживајте во Вашето есенско катче.

Инвестирајте во простор каде безбедно ќе запалите оган

Кажете им збогум на топлите ноќи и полека спремајте се за постудените, инвестирајќи во ваков простор во кој безбедно може да запалите логорски оган и да уживате покриени во топло ќебенце.

Колороитна градина

Пополнете ги Вашите саксии со есенски цвеќиња за да го освежите вашиот екстериер. За да биде уште поинтересно, изберете растенија во најразлични бои и текстури.