Една студија открива дека несоницата е сериозен фактор која доведува до  здравствени проблеми.

Затоа, неопходно е во просторијата каде што спиеме  да исфрлиме се што  не разбудува и иритира.

Еве, психолозите велат дека треба да се исфрлат следниве работи:

Телевизор

Го одвлекува вашето внимание, па затоа ако имате некоја програма која ве интересира, мозокот ослободува хормони поврзани со возбуда и тоа сепак ке ве разбуди.

Мислите на вашите работни задачи

Вашите грижи и обврски кои се однесуваат на работата едноставно оставете ги да завршат на вашето работно место.

Секое размислување за работните обврски го одложува вашиот сон и го нарушува квалитетот на спиење. Вашиот мозок ке остане буден или нервозен и ке ве остави без сон.

Неред

Нередот игнорирајте го пред спиење, бидејки неуредната соба во која спиеме нашиот мозок ја регистрира како незавршена задача.

Осветлување

Секое осветлување влијае квалитетот на спиењето, затоа експертите препорачуваат да се исфрли технологијата од просторијата каде што спиете (лаптопи, компјутерски монитори, LED светло и сл).