Официјалното и свечено отворање на највисокат зграда на светот која се наоѓа во Дубаи – Бурџ Калифа, беше во 2010 година кога конечно овој облакодер го заврши своето градење во 2009 годин, а беше започнато само 5 години претходно во 2004 година. Градбата беше дел од проектот наречен Downtown Dubai или „Центарот на Дубаи“ кој бил изграден на површина од 2 квадратни километри и за изградбата на овој комплекс биле потребни 20 милијарди долари.
Неколку светски рекорди
Овој облакодер држи неколку светски рекорди. Покрај тоа што е прогласен за највисока зграда во светот со своите 829.8 метри, има најголем број на спратови (вкупно 160) и лифтови со најдолг период на возење во нив.
Споредба на висината
Ако не сте биле во Дубаи да го посетите комплексот и да се воодушевувате на овој облакодер, тогаш навистина ќе ви биде тешко да си ја замислите неговата спектакуларност. Па така, како за споредба, Бурџ Калифа е висока колку три Ајфелови Кули во Франција и два Емпаер стејт билдинг згради во Њујорк.
Инспирација за изгледот
Формата на Бурџ Калифа е инспирирана од традиционалната исламска архитектура и од цвеќето Amaryllidaceae или познато кај нас и како кринот. Ако го набљудувате облакодерот од птичја перспектива, тогаш ќе ги забележите сличностите.
Потеклото на името
Овој облакодер на почетокот било донесено решение да се вика Бурџ Дубаи, но за време на неговата изградба, се покажало дека се потребни повеќе финансии него предвидените. Шеикот Калифа донирал голема сума на пари за продолжување на неговата изградба и во негова чест, името било променето во Бурџ Калифа.
Фонтаната Дубаи
Бурџ Калифа е опколен со Фонтаната Дубаи која се простира на површина голема скоро колку 2 фудбалски игралишта. Тоа што е интересно покрај нејзината големина, е што можете да пловите на неа со традиционални abra бродови.
Следетене на