Денес е денот на љубовта и скоро сите што се во некаква љубовна врска се спремаат некако да го прослават овој ден. Но што всушност знаете за Валентајн? Овие факти навистина ќе ве изненадат.

 

Потеклото на Валентајн

bride and groom on green grass field

Според историчарите, овој празник настанал додека римскиот император Клавдиј II во обид да ја зајакне својата војска, им забранил на младите да стапуваат во брак за да бидат подобри војници. Па така, Св. Валентин започнал да склопува бракови во тајност и заради неговата непослушност, бил погубен на 14-ти февруари.

 

Честитки

white and purple labeled boxes

Според официјални пресметки секоја година се разменуваат околу 144 милиони честитки на овој празник само во Америка, а ширум светот оваа бројка е драстично поголема.

 

Подароци

brown gift box with pink ribbon

Верувале или не, на овој ден не се купуваат најмногу цвеќиња, туку накит.

 

Веридби

man putting ring on woman's hand

На овој ден, кој се смета за најромантичниот ден во годината, околу 6 милиони парови прават веридба, односно мажите преферираат да запросуваат на 14-ти февруари.

 

Различно се празнува

selective focus photography of blackberry fruit during daytime

Овој ден различно се празнува во различни држави, па така на пример во Латинска Америка овој празник е познат како денот на љубовниците или денот на љубов и пријателството. На овој ден исто се празнува љубовта, но се става фокус најмногу на љубовта кон пријателите. Во Македонија, овој ден според грегоријанскиот календар е посветен на Св. Трифун како ден на лозарите и градинарите и на овој ден се прави закројување на лозјето.