Доколку сакавте да започнете со топење на вишокот на килограми, овој предновогодишен период е вистинското време за тоа. Имаме безброј причини поради кои мора да внесуваме што повеќе здрава храна, а една од нив е токму посакуваната фигура. Ви претставуваме четири продукти кои ќе Ви помогнат во топење на мастите.
Јајца
Јајцата се одличен сојузник за топење на маснотии. Задолжително конзумирајте по две јајца за време на појадокот наредните 5 дена. Тие ќе Ви дадат чуство на ситост, па потоа ќе го намалите дневниот внес на калории. Протеините што ги содржат јајцата ќе Ви помогнат да ја подобрите мускулната маса, а докажано е дека помагаат и во топењето на маснотиите. Јадете ги сварени во комбинации со салати и семки.
Цимет
Циметот ги топи вишокот масностии и ја контролира Вашата тежина. Антиоксидантите во циметот го стабилизираат шеќерот во крвта и ја намалуваат потребата за слатко. Ставете цимет во Вашиот протеински шејк, во кафето, во Вашиот оброк со семиња.
Ви ја предлагаме и комбинацијата на мед со цимет. Помешајте една кафена лажичка мед со половина лажичка цимет. Мешавината сварете ја во една мала шољја вода. Напитокот поделете го во два дела, едната половина за наутро – половина час пред појадокот на празен стомак, а втората половина испијте ја половина час пред да одите на спиење.
Овес
Вашиот појадок може да Ви помогне во Вашата посакувана мисија. Заменете ги тестенините и масните оброци со чинија овесни снегулки. 8 лажици овес за 15 проценти ја надополнуваат дневната потреба за протеини.На овој начин внесувате ниско ниво на шеќер, а доволно јагле хидрати. За подобар резултат во овој класичен појадок додадете цимет и изедете две јајца.
Зелен чај
Најдобар избор за топење на маснотиите и калориите е зелениот чај. Содржат кофеин со кој се забрзува метаболизмот, а најважна состојка е катехин епигалокатехин галат (EGCG). EGCG ги инхибира ензимите кои го распаѓаат норепинефринот. Тој е многу важен за топење на мастите. EGCG и кофеинот се најдобрата комбинација.
Најдоброто е да земате три дози од 500 мг зелен чај на ден.
Следетене на