Прво нешто што најголем дел од нас прават кога ќе се разболат, е да си подготват чај. Но дали всушност ги знаете различните придобивки од различните типови на чаеви?
Камилица
Чајот од камилица е одличен доколку чувствувате напнатост или било каков тип на стрес во вашето тело. Камилицата е одлична за дигестивниот систем, го подобрува имунитетот и се бори против разните бактериски инфекции.
Глуварче
Глуварчето е одлично доколку се обидувате да се ослободите од вишокот на килограми, го подобрува дигестивниот систем и е добро за коските.
Еукалиптус
Овој напиток ќе ви помогне доколку имате проблеми со респираторниот систем и секакви инфекции кои што се поврзани со него, ги намалува отоците предизвикани од артритис и ревматизам и го намалува стресот.
Мајчина душичка
Чајот од мајчина душичка е одличен доколку имате некакво воспаление на грлото, помага при силни главоболки и ги регулира дигестивните проблеми, како дијареата.
Хибискус
Доколку имате проблеми со висок крвен притисок, тогаш чајот од хибискус е одлично решение за вас. Овој чај исто така се употребува и доколку се обидувате да ослабите, затоа што ја намалува способноста на организмот да го апсорбира шеќерот.
Следетене на