Ива Христовска која минатиот пат се претстави под новото име Амика, а сите добро ја паметиме од дуото „Цимерките“ кога во „Ја имам таленат 2011 Србија“ во Белград стигнаа дури до полуфиналето, овој пат ја изненадува јавноста со нејзината нова песна „Ayde“. По само неколку месеци откако направи една неверојатна преработка (ремикс) на песната „Бакар боја“ чиј оригинален изведувач е Сара Мејс, дозволи нејзината креативност повторно да исплива на површина.
Во време на нови „нормалности“ каде светот го тресе епидемијата на Ковид 19 или уште познат и како новиот Корона вирус, Амика реши дел од своето слободно време да го посвети на создавање музика. Откако во последната половина на Март ја издаде „The Existence of God“ за која немаше многу простор за промоција поради почетокот на пандемијата, би сакале да споменеме дека беше признаена и одобрена од организацијата Ghandi Serve кои го штитат ликот и делото на Махатма Ганди. Песната содржи исечоци од истоимениот говор на Ганди, а Амика тоа го состави во уметничко звучен експериментален и амбиентален стил со кој Амика се среќава за прв пат.
„The Existence of God“ може да ја слушнете овде
https://soundcloud.com/amikamusic/the-existence-of-god
А сега премерно ќе зборуваме за најновата песна „Ayde“ која од денес 09.06.2020 е достапна за слушање на речиси сите музички онлајн платформи. Амика со нејзиното трето чедо “AYDE” ни претставува нов и свеж стил на музика.
Овде можете да ја слушнете најновата песна “Ayde”:
https://soundcloud.com/amikamusic/ayde/s-A8kDIRh2O3w
Style.mk: Многу ни е мило што повторно имаме можност да слушнеме едно ново музичко остварување од твоја страна и сме одушевени од начинот на кој ја доживуваш музиката. Дали можеш да ни кажеш нешто повеќе за инспирацијата на оваа песна и што всушност таа значи за тебе?
Амика:Песната ја почнав 2015 година кога се вратив од Бугарија во Македонија. Додека бев дома, се занимавав активно со продукција, вежбав, снимав мои работи, пробував да го насочам вниманието само во музика. Бев невработена, се чувствував безнадежно, депресивно и летаргично. Почетокот на песната е скоро непроменет, како што си беше. За мене значеше светлина, надеж која ме тера да верувам во својата музикакога се будам и кога заспивам. Сега„Ayde“за мене значи крај и почеток. Бидејќи завршувам нешто одамна почнато. Чувството е неописливо, голем камен ми паѓа од срце, искрено.
Style.mk:Како течеше создавањето на „Ayde“? Дали тоа е исклучително авторска песна, или имаше некој кој ти помогна да излезе креативноста од тебе?
Амика:Јас сум тотален автор и продуцент на песната. Во миксањето ми помогна Марко Николовски (ME.N.U.) којвоедно е и мој цимер и братучед, а јас по аналогија на мојата историјасекогаш музицирам и соработувам со цимерите! Што да правам таква ми е судбината (засреќа) 😊 !Вопочеток песната севикаше„Ноќе или Дење“ иимаше само една строфа со македонски текст. Потоа заглавив инспиративно, незнаев што сакам да кажамсо песната и ја паузирав цели 4 години! Минатата година кога префрлав стари фајлови во новиот компјутер налетав на нејзе и решив да ја завршам конечно. Тогаш ги снимив гитарите и потоа ПАК се најдов во слепа улица! Беше како загатка која бара време да биде решена. А јас сум упорна, трпелива и тврдоглава личност… Пред само неколку месеци откако ја издадов„The Existence of God“ги снимив вокалите и решив да биде само еден збор АЈДЕ!
Style.mk:Минатиот пат спомнавме дека живееш во Амстердам, па во периодот кога целиот свет е погоден од пандемијата, кажи ни како ти тече животот?
Амика:Животот тука ми тече мирно и спокојно.Од неодамна аплицирав во општината во која што живеам да ми доделат општински градинарски простор и откако тоа беше одобрено, најголемиот дел од времето го поминувам таму. Тоа е една мала градина во која одгледувам цвеќиња, малку овошје и зеленчук и го вежбам холандскиот јазик со соседите кои се искусни градинари и ме подучуваат.Се восхитувам на природата, на пчелите и бумбарите кои се неверојатни суштества и работат толку многу од цвет нa цвет без престан; навистина обожавам да ги гледам!Инаку сега почнав да одам на работа регуларно, работам како коктел мајстор и бариста во хотел и сум еднаод среќните што не јаизгубив работата и успеав да се оддржам во ова лудо време.
Style.mk:Како се справуваат музичарите во овој период на пандемија? Дали имаат начин на кој можат ги изведуваат своите музички дела?
Амика:Јас моментално се трудам апсолутно максимално дасеоддадам на музиката и да создавам, бидејќи во моментов нема многупростор и шанса за настапи и фестивали. Меѓутоа кога тоа пак ќе се отвори, подобро да имаш вреќа песни спремни за покажување. Сега е совршено време на надоградување насвојата дискографија. Многу ми е драго што во овој период многу од моите колеги од Македонија, Бугарија и Србија решија да споделуваат изобилие од нивната музика! Исто така во оваа прилика би сакала да ја споменам нашата екстремно талентирана Калина Велковска која во моментов се бори на Бугарското шоу„The Voice“или„Гласътна България“ и ве охрабрувам да ја поддржите! Калина воедно за време на пандемијата создаде проект кој се вика „Музиката спасува“или„Music Saves“. Тоа е едн платформа создадена по светски стандарди каде можете да дознаете нови, а и веќе познати наши бисерно-талентирани музичари, пријатели и да ги поддржите со тоа што ќе ја споделувате нивната музика по социјалните мрежи и исто така доколку сакате финанскиски да поддржите одреден артист можете директно да донирате каква што сакате сума на нивните сметки. Доколку ова ве интересира, можете директно преку овој линк да погледнете голем дел од музичките дела https://page.inplayer.com/MusicSaves/ .
Style.mk:Дали планираш наскоро да не изненадиш со некоја нова песна? Какви се твоите планови?
Амика:Откако почнав со проектот Амика, мојата стратегија е веднаш откако ќе издадам песна се зафаќам за друга веќе почната песна со цел да ја завршам и издадам поскоро. Наместо да работам на 20 песни малку по малку и на крај ништо да не издадам, решив дека е паметно да се посветам внимание на една, максимум две песни од почеток до крај. Имам многу материјал кој чека да бидат издаден, затоа не се секирајте. Без конечно многу на мене, а и на секој музичар ни значи поддршката, т.е. споделувајте музика на социјалните мрежи, така им помагате на оние кои творат нивната музика да биде слушната и не мотивира да создаваме уште, а тоа е прво битно за секој артист;да биде признаен и слушнат дур е жив.
Style.mk:Покрај својата музика, препознатливаси и пооригиналниот и ексцентричен стил на облекување. Дали имаш некоја личност која што е одговорна за твојот стил, односно од која црпиш инспирација?
Амика:Облеката ми зборува на прв поглед. Ако на прв поглед не се замислам како го носам тоа, воопшто не сметам дека е добра идеја. Би сакала да имам личен дизајнер, имам безброј идеи, прецизни бои и дизајни преку кои би сакала да се изразам на сцена и преку фотографија или видео. Би била пресреќна доколку дојде тој ден да можам тоа да го реализирам…
Style.mk: Сигурни сме дека доста голем дел од луѓето коишто те следат, се интересираат и за твојот приватен живот. Дали Амика има некоја посебна личност во нејзиниот живот кога зборуваме за љубовни врски?
Амика:Во моментов немам посебна личност, но оставам отворена врата на коинцидентниот вселенски заговор да гонаправи тоа за мене хехехех…
Style.mk: И за на крај, каква е иднината за Амика?
Амика:Иднината е само идеја која ја создаваме и проектираме во нашиот ум бидејќи суштински иднината не постои. Постои само сега и она што си мислиме дека е иднина. А доколку мислиме позитивно, тука и сега во нашиот ум, нашата иднина исто така ќе биде позитивна. А сега во мојата глава и визијата за Амика и она што би го нарекле иднина е многу многу музика, љубов, природа, пријатели, разбирање, смеа, филозофија, патувања, добрахрана, време за пријателите и семејството и пред се’ здравје.
Следете ја Амика на нејзините социјални мрежи и поддржете ја нејзината музика и творештво
Следетене на