Многу од нас уживаат да носат фармерки, практично живеат во нив! Меѓутоа оваа бајка може да се претвори во хорор приказна кога треба да купите нови, кои совршено ќе Ви одговараат, ќе бидат во рамките на Вашиот буџет и милион други работи. Со ова упатство се надеваме дека ќе Ви го скратиме и олесниме изборот.
За ниски жени со тело со облини најдобар избор се фармерките што се високо растегливи, црни, со широки ногавици и висок струк.
Слабите жени кои имаат тесни колкови најдобро е да бараат фармерки кои се многу растегливи со должина рамно на зглобот и посветли бои. Вас Ви одговараат и тренди широки фармерки.
Најдобрите фармерки за жени над 50 години
Во овие години повеќето од жените освен изгледот го бараат и комфорот и удобноста. Изберете фармерки со пошироки ногавици кои го обликуват Вашето тело без да бидете премногу драматични.
Фармерките изгледаат преубаво на високи жени, мора да се согласиме. Дури и должината повеќе не е проблем, затоа што фармерките над глужд се хитот сега.
Имате широки колкови и се наоѓате во дилема дали воопшто и да носите фармерки? Секако. Вие го имате идеалното тело за џинс. Доколку немате проблем со тежината изберете фармерки кои ќе ја истакнат Вашата фигура. Тесни фармерки со висок струк и потемни бои се идеални за Вас. Доколку сте ниски, носете високи потпетици. Избегнувајте фармерки кои имаат акцесоари и принтови во пределот на колковите.
Следетене на