Потребни се само неколку трикови за да створите магична илузија од Вашиот аутфит и да изгледате послабо. Прочитајте ги следниве:
Црното нека биде Вашиот најдобар пријател!
Црната боја ја издолжува Вашата фигура и прави да изгледате послаби. Веруваме дека уживате во живи и пастелни бои, но сепак вистинскиот избор за Вас нека бидат потемните.
Носете мидер или појас за обликување на телото!
Ви овозможува ефект за визуелно затегнување на Вашата фигура. Изберете удобен и пријатен за носење, кој ќе го Ви го затекне стомакот, колковите, задникот.
Носете фармерки и панталони со висок струк!
Фамерките и панталоните со висок струк нека Ви бидат избор број еден. Тие ќе го покријат вишокот околу стомакот, а во нив ќе изглеате повисоки и послаби. Црни, растегливи, до глужд се вистински избор!
Бидете внимателни со изборот на долна облека!
Долната облека игра голема улога во креирање на Вашиот надворешен изглед. Изберете долна облека која е растеглива и има повисок струк. Носете градник што Ви дава целосна покриеност на градите.
Принтови и пруги.
Избегнете се што има хоризонтални пруги, без разлика дали се мали или големи. Вертикалните пруги и принтови , фустан или блуза со висока јака, се Вашиот топ избор.
Се е во пропорциите!
Носете широки кошули, што ќе го покриваат коланот на панталоните. Пробајте и спротивно, меѓутоа избегнувајте стомакот и половината да бидат премногу истакнати. Најважно е да избегнувате тесни кошули и маици.
Држење на телото.
Вашиот изглед „паѓа во вода“ доколку немате правилно држење на телото. Кога не се движите исправено Вашата силуета изгледа многу поинаку.
Следетене на