Формата на вашето тело може многу да ви помогне кога станува збор за донесување на модни одуки и ќе ви олесни во изборот на облека. Постојат неколку типови на форми на тело и неколку универзални правила кои што се однесуваат на нив.
Сликата е превземена од: https://algonquincollegesocialmedia.wordpress.com/2019/07/15/5-different-body-types-for-women-get-to-know-yours/
Триаголник или форма на „круша“
Ако вашите колкови се пошироки од вашите раменици, тогаш формата на вашето тело е триаголник, или често опишувана и како „фора на круша“. За да постигнете симетричност во вашиот изглед, избегнувајте тесни фармерки кои што дополнително ќе ви ги истакнат колковите.
Песочен часовник
Ова е една од најпосакуваните форми на тело и доколку ја имате таа среќа да влегувате во оваа категорија, тогаш вашите раменици и колкови ќе бидат со иста или многу слична големина, а вашиот струк ќе биде убаво дефиниран. Жените со оваа форма на тело можат да носат скоро се што ќе посакаат, но се препорачува да не носат широка облека која што ќе го прикрие струкот затоа што на тој начин ќе ја изгубат вистинската линија на телото.
Обратен триаголник
Доколку вашите колкови се потесни од вашите раменици, тогаш бидете сигурни дека влегувате во категоријата на жени со форма на тело на обратен триаголник. Во овој случај, најдобро е да барате горен дел на облека со деколте во форма на V, но гледајте да одбегнувате да носите маици без прерамки, затоа што тие ги нагласуваат вашите раменици и нема да ја добиете посакуваната симетрија.
Правоаголник
Оваа форма на телото не е многу посакувана помеѓу женската популација затоа што се смета дека е доста „машки“ тип на тело, но тоа не значи дека треба да очајувате. Правоаголната форма на вашето тело ќе ја препознаете по тоа што колковите, рамената и струкот ви се скоро исти димензии. Затоа гледајте често да носите колани околу струкот со впечатливи бои кои што ќе го привлечат окото.
Јаболко
Жените на оваа форма на тело треба да гледаат да ја дефинираат половината, но внимавајте да не ставите преголем фокус на проблематичните делови, затоа што оние со оваа форма на тело се склони кон дебелеење на горниот дел од телото. Впечатлив накит околу вратот или длабокото деколте се секогаш пожелни.
Следетене на