Темните кругови околу очите или познати и како подочници можат да бидат навистина голем проблем, особено што понекогаш е навистина тешко да се ослободите од нив. Лесно и брзо решение за да не се познаваат е да нанесете шминка на нив, но ако сакате да се ослободите еднаш и засекогаш, тогаш можете да ги применувате следниве чекори.
Користете соодветна козметика
Пределот под очите нема лојни жлезди, па тоа е причината зошто кожата таму е многу често сува и испукана. Затоа треба да внимавате кои креми ги користите посебно да тој дел од лицето. Пред да си легнете навечер исчистете го лицето од шминката и разните нечистотии кои што се собрале во текот на целиот ден и нанесете хидратантна крема. Немојте да очекувате резултати веднаш наредното утро, но доколку го применувате овој ритуал секоја вечер, важата кожа ќе ви биде вечно благодарна и за една до две недели ќе забележите драстична промена во пределот кај очите.
Спијте доволно во текот на ноќта
Тоа не значи дека треба да спиете по 12 часа, затоа што и премногу спиење може да предизвика појавување на темни кругови околу очите исто како и немање доволно сон во текот на ноќта. Исто така обрнете внимание на перниците кои што ги користите, затоа што добра перница или спиење на две перници ќе помогне во овој случај. Подигнувањето на главата ќе спречи собирање на течности во долниот дел на очите.
Водете здрав начин на живот
Алкохолот, цигарите, недоволното спиење, неправилната исхрана како и големиот стрес се едни од најголемите причини за појавувањето на темните кругови околу очите. Внимавајте на вашето секојдневие и гледајте исто така да внесувате доволно течности во текот на денот.
Користете ладни облоги и домашни препарати
Секогаш можете да пробате со домашни препарати кои се познати по тоа што ја опуштаат кожата и ќе ви помогнат да не изгледате толку изморено, како на пример со ладни облоги. Земете кесички за чај, замрзнете ги и нежно ставете ги на вашите очи. Почекајте неколку минути, тргнете ги и нанесете хидратантна крема.
Советувајте се со дерматолог
Понекогаш и после разни пробани начини да се ослободите од досадните кругови под очите, нема да забележите никакви резултати, па можеби во тој случај најдобо е да се советувате со дерматолог. Ако некој знае како да ви помогне во вакви ситуации, тоа е стручно медицинско лице.
Следетене на