По неверојатната трансформација на пејачката Адел, јавноста почна да зборува за сите славни личности кои што успеале за кратко време да го изгубат вишокот на килограми, а меѓу нив на листата се најде и Џесика Симпсон, која лани за само 6 месеци по породувањето со своето трето дете, успеа да ослаби околу 45 килограми.
За нејзиниот изглед задолжен беше личниот тренер Харли Пастернак, автор на книгата The Body Reset Diet. Тајната во неговиот успех беше во тоа што пристапи од една различна перспектива, односно се потруди тренинзите и исхраната да да ги вметне во нејзиното бурно секојдневи, без притоа да го смени целосно нејзиниот распоред во текот на денот. Па така, Џесика мораше да се придржува до следниве 5 активности секој ден за да стигне до посакуваната цел:
12,000 чекори дневно
7 часа здрав сон
1 час без технологија
3 оброка и 2 ужини
Различни вежби секој ден
Пастернак вели дека нема некоја голема тајна за добар изглед. Ако ги распоредиме оброците правилно секој ден, вежбате доволно, но не до степен на исцрпување, тогаш за кратко време ќе имате фантастични резултати. И секако, мора да имате позитивен став кон вашата цел и да не се откажувате.
Извор: https://www.goodmorningamerica.com/wellness/story/things-jessica-simpson-100-pound-weight-loss-journey-65873654
Следетене на