Во 2018 година беше откриено дека Cambridge Analytica ги собираше личните податоци од профилите на Фејсбук на милион луѓе без нивна согласност и ги користеше за нивни политички рекламни цели. Овој момент во историјата го поттикна прашањето за приватноста и последните неколку години беа едни од најбурните за Фејсбук и луѓето кои што стојат позади оваа апликација. Па токму затоа, треба секогаш да внимавате какви податоци оставате на социјалните мрежи и да бидете свесни како социјалните мрежи, во овој случај Фејсбук, можат да ги следат вашите активности преку 5 едноставни чекори.
Преку вашата активност на Интернет
Доколку ја користите апликацијата преку вашиот веб пребарувач, Фејсбук ги следи вестите кои што ги читате и содржината која што ја пребарувате. Исто така истото се случува и со вестите или содржините што ги отварате преку самата апликација. Па затоа, не е воопшто чудно што чевлите кои што ги разгледувавте долго време ви се појавуваат на распродажба на почетната страна на Фејсбук.
Преку следење на движењата на глувчето
После разните скандали што го следеа Фејсбук, компанијата призна дека собира податоци не само преку компјутерите, лап топите, таблетите и мобилните телефони, туку и преку сите уреди кои што се поврзани со нив.
Преку податоците за вашата локација
Податоците за вашата локација се едни од најлесните начини преку кои разни социјални мрежи можат да ги следат вашите движења, дури и ако ја имате исклучено активноста на тој тип на апликации.
Преку користење на апликации поврзани со Фејсбук
Фејсбук користи одреден тип на код кој што се вика SDK (Software Development Kit) што му овозможува да ги собира податоците кои што оставате на апликациите кои што користите преку оваа платформа.
Преку апликации што ги инсталираат вашите пријатели
Истото важи и за апликациите кои што вашите пријатели ги користат преку Фејсбук. Вие сте поврзани со вашите пријатели преку оваа платформа, па така без разлика на тоа што не користите одредена апликација вие лично самите, доколку некој ваш пријател ја користи, бидете сигурни дека Фејсбук има пристап и до вашите податоци.
Извор: https://www.indiatoday.in/technology/features/story/5-ways-in-facebook-tracks-you-1416847-2018-12-25
Следетене на