Убава коса е негувана коса и се смета дека може да биде најприродниот украс што една жена или девојка може да го носи на себе. Па затоа ви препорачуваме неколку едноставни а ефикасни совети за тоа како да ја чувате вашата коса, без притоа да трошите вртоглави суми на пари за нејзниот совршен изглед.

 

Не ја мијте вашата коса секој ден

Да, добро прочитавте. Миењето на косата секој ден може да му наштети на скалпот и да предизвика да лачи повеќе маснотии, па всушност така и правите вашата коса да биде мрсна почесто од вообичаено. Ако сте една од оние кои што секојдневно ја мие косата, можеби ќе ви треба малку време додека скалпот се врати во нормална состојба, но верувајте тоа ќе ви и помогне на вашата коса.

Користете регенератор

Без разлика на тоа каков тип на коса имате, па дури и ако имате кратка и мрсна, користењето на регенератор само ќе помогне во подобрување на квалитетот на вашето влакно.

Шишајте се редовно

Или барем кратете ги врвовите. Не е вистина дека ако редовно се шишате косата ќе ви расте побрзо, но затоа пак ќе изгледа многу поздраво и поубаво. Нажалост, единствено со кратење на вашата коса ќе можете да се спасите од испуканите врвови. Тоа не значи дека не треба да користите маски, регенератори или масла наменети за коса. Тие ќе ги измазнат кутикулите, ќе и го вратат природниот сјај и ќе ја зацврснат, па на тој начин помалку ќе ви пукаат врвовите во иднина.

 

Не се чешлајте додека сте со влажна коса

Можеби ви делува полесно да ја исчешлате вашата густа коса веднаш откако ќе се избањате, но верувајте, тоа само може да и наштети. Влажната коса е повеќе подложна на кинење и оштетување.

Сушете ја косата со тапкање

Ова можеби ви делува чудно, но наместо да ја триете косата со пешкирот, пробајта да ја сушите со тапкање. На тој начин ќе спречите разбушавеност која што подоцна ќе биде тешко да се исчешла и ќе предзвика дополнително кинење на влакното и ќе ја задржите формата на косата.

Тоа што некој производ е скап, не значи дека е добар за вас

Немојте да се водите на квалитетот на производот според неговата цена. Понекогаш и поевтините работи ќе се покажат како подобра опција за вас. Можеби ќе ви треба малку време додека да го најдете соодветниот шампон или кој што одговара на вашата коса, но тоа што сте го купиле најскапиот регенератор, не значи дека вашата коса магично ќе се подобри во истиот момент на користење. Не ретко, и домашните препарати се покажале многу поефикасни од најлуксузните опции на пазарот.