Кинеската Нова Година, или уште таканаречен Празник на пролетта или Пролетен фестивал, секоја година се паѓа на различен датум, односно се пресметува според првата млада месечина од првиот месечев месец, или едноставно објаснето од 4 до 8 недели пред почетокот на пролетта. Датумот секогаш се движи помеѓу 21 јануари и 21 февруари според грегоријанскиот календар. Оваа прослава е една од најважните за кинескиот народ и се прославува во земји како што се Сингапур, Малезија, Тајланд, Камбоџа, Филипините и слично. За време на оваа прослава, традиционално се оддава почест на боговите на претците и тоа што е заедничко за сите кинези е заедничката семејна вечера. Секоја куќа треба да биде чиста и средена, затоа што на тој начин ја исфрлате негативната енергија од домот и оставате простор за позитивната. Се украсуваат прозорците и вратите со различни фигури, се пали огномет и се фрлаат петарди. Црвената боја доминира насекаде.

orange and gray buildings red paper lantern hanging

Shenzhen Fireworks, Fireworks Night, Night View, China

Кинеската 2020 година ќе започне во сабота на 25 јануари а ќе заврши на 11 февруари 2021 година. Оваа година според нив е Годината на металниот стаорец, додека пак оваа година беше Годината на земјеното прасе. Постојат многу митови поврзани со ова животно, но тоа што е заедничко за сите е што се смета дека стаорецот како животно е доста лукаво, итро, снаодливо и според јинг и јанг претставува јанг, односно почеток на нов ден. За сите оние кои што очекуваат принова во 2020 година, се верува дека родените во знакот на стаорецот ќе бидат доста допадливи како личности, шармантни и оптимисти по природа. Доста тврдоглави и упорни и иако се смета дека овие луѓе се доста осетливи и емотивни, нивните зборови се остри и нападни.

Red Fireworks Display

Person Wearing Foo Dog Costume