Раскинувањето е емотивна болка која што е потребно доста време да се излечи и да започнете повторно да му верувате на некого. Голем дел од нас се запрашуваат како не ги забележале знаците претходно дека врската нема иднина, или едноставно дека работите не функционирааат повеќе. Некои карактеристики за хороскопските знаци се универзални, па ако некогаш не ви е јасно зошто работите не одат како што сте замислиле, можеби тука ќе го пронајдете одговорот.
Стрелец
Стрелците се по природа доста самобендисани и сакаат да се центарот на вниманието. Исто така, ако се договарате нешто со стрелец, бидете сигурни дека тие веќе претходно имаат направено планови во својата глава и големи се шансите вие да не сте дел од нив. Доста се тврдоглави и тешко прават компромиси и ако раскинете со стрелец, големи се шансите да нема да разбере што направиле погрешно.
Водолија
Водолиите не мора да раскинат со вас за да ви го скршат срцето. Во еден момент бесрамно ќе флертуваат со други луѓе пред вас, а потоа ќе ви изразуваат љубов како да не постои друг на светов. Не се многу емоционални, такa да ако има бурна реакција и плачење од ваша страна, бидете сигурни дека ќе ги остави збунети и нема да разберат. Овие знаци сакаат промени и возбудливи ситуации, така да ако некогаш ве остават, голема е шансата причината за тоа да биде затоа што им се здосадило со вас.
Близнаци
Овој знак може често да ве доведе до збунети ситуации и никогаш нема да бидете сигурни што се случува. Од една страна може буквално да ви се јавуваат постојано, да ве опсипуваат со подароци и да се нежни и внимателни, а после ден-два целосно да заборават дека постоите. Ако ви раскинал некој со знак близнаци, бидете сигурни дека одлуката ја донел во истиот момент и има големи шанси да се предомисли за кратко време.
Риби
Рибите ќе ви делуваат доста емотивни,, загрижени и целосно посветени, се додека не ја откриете нивната темна страна. Имаат тенденција да бидат жртви во партнерските односи целосно извртувајќи ја вистинската слика, што после одредено време и вие самите ќе почнете да се запрашувате дали проблемот бил цело време во вас.
Лав
Ако партнерот во знак во лав сака да раскине со вас, тоа нема да го направи директно, туку едноставно ќе почне да ве избегнува и да ве прави да се чуствувате безначајно и глупаво. Лавовите по природа се супериорни и имаат потреба да се во центарот на вниманието, така да ако лавот почувствува опасност дека партнерот го засенува, тогаш бидете сигурни дека размислува да ве остави.
Овен
Овновите брзо се заљубуваат, но уште побрзо се одљубуваат, така да внимателно со нив. Можеби ќе ви изгледа дека навистина ве сакаат, но кога ќе раскинете со нив ќе ве натераат да се чувствувате дека никогаш не ве сакале вистински. Немојте да влегувате во дискусија по раскинувањето, затоа што имаат тенденции да пламнуваат и да не бираат зборови само за да ве повредат.
Бик
Упорноста и тврдоглавоста на родените во знакот бик понекогаш знае навистина да предизвикува главоболки, особено кога станува збор за љубов. Ако бикот е решен дека треба врската со вас да престане, не постои ништо на светот што ќе го предомисли. Овој хороскопски знак по природа е доста љубоморен, и иако на прв поглед делува доста емотивно и нежно, биковите се доста одмаздољубиви и себични.
Рак
Кај раковите семејството секогаш доаѓа на прво место, па затоа ако реши да ве остави, бидете сигурни дека тоа е затоа што не се сложувате добро со неговото или нејзиното семејство, или затоа што не гледа иднина со вас и не може да ве замисли како родител. Овие хороскопски знаци се доста емотивни и раскинувањето им е тежок и болен процес. Бидете подготвени на солзи.
Девица
Девиците се едни од најпедантните и најдеталните луѓе кои што ќе запознаете во вашиот живот, и ако сте во врска со девица бидете сигурни дека критиките нема никогаш да престанат. Ако некогаш ви раскине овој хороскопски знак, тогаш бидете подготвени на неколку часовно предавање за тоа што треба да промените во вашиот карактер, изглед и размислување, и голема е веројатноста дека после тоа самодовербата ќе ви биде толку ниска, што ќе ви биде потребно време пред да влезете во нова врска.
Вага
Вагите се доста нерешителни кога станува збор за прекинување на врската, и многу побрзо ќе престанат да ве контактираат и полека ќе исчезнат од вашите животи, отколку да се соочат со вас очи в очи. Немаат храброст да ви кажат некои работи во лице, па затоа другата страна најчесто останува со неодговорени прашања во врска со врската. Најголемиот парадокс во нивниот карактер е што се обидуваат да најдат баланс во секој аспект од животот, вклучувајќи го и љубовниот, но тоа најчесто резултира со една голема неодлучност и нерешителност.
Скорпија
Скорпиите се едни од најстраствените хороскопски знаци и нивните љубовни врски се доста емотивни и бурни. Кога скорпија ќе го најде партнерот кој што за неа е совршен, се приврзува за цел живот. Но внимателно, можеби ќе имате желба да ги искажете сите стравови, желби и надежи на овој хороскопски знак, но ако во иднина сепак на оваа врска и дојде крајот, бидете сигурни дека скорпијата ќе искористи се што знае за вас само за да ве повреди. Дури и ако онаа е таа која што го ставила крајот.
Јарец
Јарците имаат големи потешкотии да се приврзат со некоја особа и да и се предадат целосно, не само затоа што се тврдоглави и свои, туку се плашат од тоа да бидат повредени. Ќе ви биде потребно многу време за да допрете до вистинските емоции на овој хороскопски знак, па сепак колку и да мислите дека конечно сте создале некаква блискот, тие наредниот ден повторно нема да сакаат да направат компромиси за вас и секогаш ќе има некоја тајна која што ќе ја чуваат само за себе.
Следетене на