Голем дел од луѓето дома чуваат некакво домашно милениче и тврдат дека тоа им го разубавило животот. Но без разлика на тоа дали преферирате да чувате мачка, куче или пак златна риба, одговорноста е голема и бараат да им се посвети еден добар дел од вашето време. Па сепак, голем број на студии потврдиле дека чувањето на домашно милениче може навистина да биде добро за вашето здравје и тоа на неколку начини.
Го намалува крвниот притисок
Голем број на истражувања покажале дека луѓето кои што имале дома некакво домашно милениче, полесно го намалувале високиот крвен притисок. Домашните миленичиња можат да ве смират, особено додека ги галите, па затоа не е ни чудно што високиот крвен притисок кој што е најчесто предизвикан од стрес, веднаш се намалува. Секако, тоа не значи дека ако дома чувате мачка или куче не треба редовно да вежбате или да внимавате на правилната исхрана.
Го регулира холестеролот
Ова се уште не е јасно зошто при истражувањата се покажало дека луѓето со домашен миленик имаат намален холестерол или триглицериди, но се мисли дека тоа е најчесто заради поактивниот живот кога, на пример, имате дома куче.
Ви помага ако страдате од депресија
Љубовта што вашето милениче ја има кон вас е навистина голема. Луѓето кои што чуваат дома „крзнено пријателче“ поретко страдаат од депресија и нервоза, не се чувствуаат осамени и секогаш имаат некој кој може да биде тука кога навистина ви е најтешко. Грижата што ја посветувате на нив може да ви ги оттргне мислите од секојдневните проблеми и да ве натера да знаете дека на некого сте му навистина потребни.
Го подобрува имунитетот
Децата кои што пораснале со домашен миленик имаат подобар имун систем и поретко страдаат од било каков тип на алергии. Голем број на студии покажале дека децата кои што дома чувале куче биле повеќе отпорни на астма и било какви белодробни заболувања.
Се подобрува здравјето на вашите коски
Чувањето домашен миленик може позитивно да влијае на вашите здравје, особено ако дома чувате мачка. Мачките предат на фреквенција од 20-140 HZ, што е одлично за намалување на стресот и зајакнување на коските, како и намалување на шансите од срцеви проблеми. Луѓето кои што чуваат дома мачка имаат 40% повќе шанси да не патат од заболувања на срцето, посебно инфаркт.
Следетене на