Пред 4 дена актерката Камерон Дијаз и нејзиниот сопруг музичарот Бенџи Маден објавија на своите инстаграм профили дека за прв пат и двајцата станаа горди родители на нивната ќерка која го доби името Редикс Маден. Камерон и Бенџи одлучија да ја заштитат интимноста и приватноста на своето дете, па затоа наведоа дека нема да објавуваат повеќе детали и слики од Редикс. Но познавајќи ја упорноста на папараците, сигурни сме дека набрзо ќе „испливаат“ на површина слики од новороденчето за кое што се зборува во последниве неколку дена.

Камерон и Бенџи започнаа да се забавуваат во 2014 година кога ги запозна Никол Ричи, а набрзо после тоа се венчаа во 2015 година.