Серијата Friends или Пријатели, која започна со емитување на телевизиските екрани пред повеќе од 20 години, поточно во 1994 година, важи за една од најпопуларните и најгледаните некогаш направени и има голем број на фанови насекаде низ светот. Доколку сте едни од оние кои што сте ја гледале, тогаш сигурно се сеќавате на делот каде што за првиот роденден на Ема, ќерката на Рос и Рејчел, дружината прави видео со посебни пораки кои што се наменети за нејзиниот 18-ти роденден. Чендлер и Моника се нервозни затоа што треба да пропуштат романтичен викенд заради нејзиниот роденден на кој што се уште се нема разбудено за да го прослават, па на саркастичен начин ја прашува: „Здраво Ема, сега е 2020 година. Дали се уште уживаш во твојата дремка?“

Ема беше глумена од близначките Кали и Ноел Шелдон, а Ноел ја искористи шансата и на оригинален начин им посака среќна Нова Година преку својот инстаграм профил на сите оние кои што ја следат.

Само што се разбудив од најдобрата дремка на сите времиња, среќна 2020!! Се надевам дека сите имавте одлична година исполнета со семејството, пријателите и смеата!!

За сите оние кои што се уште ја немаат гледано, оваа серија се фокусира на група од 6 пријатели кои живеат на Менхетен и на еден хумористичен начин се снаоѓаат со секодневните проблеми што животот ги носи. Во главните улоги играат Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.