Славниот пар повторно се најдоа во центарот на вниманието откако нивниот дом се најде на насловната страна на познатото списание Architectural Digest кое што претставува интернационално списание посветено на внатрешниот и надворешниот дизајн изработен од страна на најдобрите архитекти и дизајнери во светот.
На својот личен инстаграм профил, Ким гордо објави слика од насловната страна каде што напиша дека ова е нешто за што од секогаш сонувала. Нивниот дом е опишан како минималистички и монохроматски, меѓутоа тоа на што не се надеваа е дека добија голем број на критики од јавноста за начинот на кој што е уреден. Па така, голем дел од луѓето кажаа дека дизајнот е досаден и депресивен, нема никаква топлина во домот, дека личи повеќе на музеј, па дури и се запрашуваа како некој воопшто може да живее на вакво место. А имаше и такви кои што прашуваа каде всушност ги чуваат работите кои што ги користат секојдневно? Погледнете ги сликите и проценете самите.
Следетене на