Веста за смртта на легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џијана Марија ја вознемири светската јавност. 41-годишниот Брајант бил на пат за кошаркарски натпревар во својот приватен хеликоптер на кој требало да игра Џијана. Брајант играше активно 20 години, а кариерата ја заврши во Лос Анџелес Лејкерс. Постигна 33.643 кошеви, со што стана четврти најдобар стрелец на сите времиња во НБА лигата, а двапати беше и олимписки победник.
Според официјалните извори, несреќата се случила кај местото Калабасас (Калифорнија) откако хеликоптерот се запалил поради технички проблеми и официјално нема преживеани. Голем дел од неговите соиграчи и љубители на спортот му оддадоа почит преку разни пораки на социјалните медиуми.
Следетене на