Архаичните имиња на месеците кои денес се користат најчесто во верските календари на Македонската православна црква и ретко во некои рурални средини во Македонија, е поврзано најчесто со климатските промени во месецот или некои земјоделски работи кои традиционално се извршуваат во тој период. Тоа што е интересно, е што називите можат да варираат од средината во која што се употребуваат, исто како што постојат различни дијалекти во различни градови. Стандардното употребување на имињата на месеците кои што денес ги користиме започнало некаде кон крајот на 19-тиот век и нивното целосно прифаќање започнало со масовното образување на населението.

Јануари – Коложег – месец во кој се горат најмногу дрва.

Февруари – Сечко – месец на ледот.

Март – Цутар – месец на цветањето.

Април – Тревен – месец на тревата.

Мај – Косар – месец на косењето трева.

Јуни – Жетвар – месец на жетвата.

Јули – Златец – златниот месец.

Август – Житар – месец на житото.

Септември – Гроздобер – месец на берење грозје.

Октомври – Листопад – месец на паѓање листови.

Ноември – Студен – студениот месец.

Декември – Снежник – месец на снегот.