Часовниците можат да бидат многу повеќе од направа која што ни го покажува времето. Тие се совршен моден детаљ и за мажи и за жени и со години наназад се омилен аксесоар. Па токму затоа и не е ни чудо што голем дел од луѓето кога станува збор за купување на часовник не штедат на пари. Но каде е границата?

На листата на најскапи часовници, овој модел се најде на првото место. Станува збор за Graff Diamonds Hallucination – проценет за неверојатни $55 милиони долари и е дефинитивно еден од најскапите часовници во светот. Цената на овој часовник е толку висока заради 110 карати на навистина ретки и големи дијаманети поставени во нараквицата која е изработена од платина.

 

 

Овој часовник е наменет за жените и нема потреба од навивање. Едноставно се заклучува и механизмот е совршено скриен и може да се отклучи само со едноставно притискање на еден од дијамантите. Вие што мислите? Дали би носеле ваков часовник?